238
Комитетот на руската Државна дума за информатичка политика, информатичка технологија и комуникации е за забрана на ЛГБТ пропагандата во медиумите, на социјалните мрежи и во филмовите, без разлика на возраста на публиката, изјави денеска претседателот на Комитетот, Александар Хинштајн.
„Целосно го поддржувам ставот на (претседателот на Думата) Вјачеслав Володин за забрана на пропаганда на нетрадиционални вредности. Комитетот на Државната дума штотуку почна да работи на таа иницијатива“, напиша Хинштајн на Телеграм.
„Предлагаме, како целина, да се воведе забрана за таква пропаганда, без оглед на возраста на публиката“, рекол Хинштајн, пренесува ТАСС.