Претседателот на Бугарија, Румен Радев е во официјална посета на Црна Гора. Тој денеска бил пречекан од црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во претседателската палата во Цетиње.
-За Бугарите, Црна Гора е пријателска земја со која сме поврзани со вековни културни, историски и духовни врски. Денеска споделуваме заедничка визија за европската перспектива на Југоисточна Европа, изјавил бугарскиот претседател по средбата со својот црногорски колега.
-Тука сум да ја потврдам цврстата поддршка на мојата земја за Црна Гора на нејзиниот европски пат. Црна Гора е најнапредната земја во процесот на проширување на ЕУ и со нетрпение очекуваме наскоро да ви посакаме добредојде како полноправна членка на европското семејство, се обратил Румен Радев кон Ѓукановиќ.
-Бугарија е подготвена да помогне со експертиза за зајакнување на институционалниот капацитет на Црна Гора за решавање на сите важни прашања не само во процесот на пристапување, туку и потоа, уверил Радев.