На „Богородица“ се чека околу половина час, на „Табановце“ еден час за влез

од Nikola Popovski
211 прегледи

Поради зголемена фреквенција на возила, на Граничниот премин Табановце за влез во земјава се чека околу еден час, а на ГП Богородица за излез од државава времето на чекање е околу 30 минути.

Автомотосојузот информира дека на останатите премини, од македонска страна, вечерва нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

– Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопшти АМСМ.

Слични содржини