Илјадници Јапонци му оддаваат последна почит на Шинзо Абе

од Stefanija Kuzmanovska
269 прегледи

Илјадници Јапонци го посетија храмот Зојоџи во Токио и му оддадоа последна почит на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе, кој беше убиен пред неколку дена.

Ковчегот со телото на Абе е изложен во храмот Зојоџи, каде што се изведуваат вообичаените будистички обреди.

Иако само семејството, пријателите и странските претставници ќе можат да присуствуваат на погребот на поранешниот премиер, многу Јапонци се собраа во близина на светилиштето за да се простат од Абе.

– Дојдов да положам цвеќе бидејќи мислам дека на Јапонците им подари нешто со што можат да се гордеат – изјави Еми Оса.

Откако ќе се извршат последните обреди во светилиштето, мртовечката кола ќе го пренесе телото покрај клучните локации во Токио, вклучително и кабинетот на премиерот, зградата на парламентот и седиштето на Либерално-демократската партија на Абе. На секое од овие места автомобилот ќе застане и службениците на адекватен начин ќе се збогуваат со Абе.

После тоа, телото на Абе ќе биде пренесено во погребната сала Киригаја каде ќе се изврши кремирањето.

Да потсетиме, Шинзо Абе беше убиен на 8 јули додека држеше говор за поддршка на кандидатите на изборите за горниот дом на јапонскиот парламент. Напаѓачот успеал да го погоди Абе со импровизиран пиштол од метал и дрво, а делови од куршумот завршиле во вратот и срцето.

Слични содржини