235
Гасот во Европа поскапе денеска за повеќе од 3,5 отсто на нешто над 1.770 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.
Цената на гасот за испорака во август (фјучерс договори) во холандскиот центар ТТF се зголеми на 1.772 долари за илјада кубни метри, или 171 евро за мегават-час (MWh) по тековниот курс на еврото во однос на доларот.
Испораките на гас преку гасоводот „Северен Ток 1“, кој е главната рута за извоз на руски гас во Европа, беа прекинати на 11 јули на десет дена поради планираното годишно одржување.