Ковачев му замери на Пендаровски за Браќата Миладиновци: „Тие самите ја нарекуваат својата збирка „Бугарски народни песни“

од Vladimir Zorba

Ова треба да биде последниот пост што Стево Пендаровски и кој било друг официјален претставник на Северна Македонија го пишуваат на ваков начин. Со францускиот предлог, почитувањето на Договорот за пријателство и добрососедство ќе биде главен, хоризонтален критериум за напредокот на Скопје на патот на преговорите за членство во ЕУ. Упатувањето во самата преговарачка рамка на протоколите од членот 12 од Договорот ги обврзува македонските функционери да се придржуваат, во нивните официјални настапи, на наративите веќе дефинирани од мешовитата историска комисија за ликовите и настаните од нашата заедничка историја, пишува на Фејсбук бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.

Секако, за Браќата Миладиновци наскоро ќе расправа мешовитата историска комисија. Тогаш, покрај тоа што имаат големо значење за современата македонска култура, Пендаровски нема да може да го скрие тоа што имаат исто значење за бугарската култура, а пред се нема да може да премолчи дека тие самите ја нарекуваат својата збирка „Бугарски народни песни“, јазикот на кој е напишана – бугарски, а самите за Бугарите.

На овој начин, верувам, ќе престанат со манипулативните и двосмислени изјави, како оние на самиот Пендаровски за Миладиновци или Гоце Делчев, пред извесно време. Па, уште не сум сигурен дали ова ќе им помогне на вистинските бугарофили од левицата и ДПМНЕ, како оние од протестите деновиве, кои пенат од уста при спомнување на „Бугарите“, додава тој.

Слични содржини