Захарова со предупредување: Америка опасно балансира на работ на нуклеарен конфликт

од Stefanija Kuzmanovska

Соединетите Американски Држави и нивните сојузници опасно балансираат на работ на директен вооружен конфликт со Русија, се вели во соопштението за печатот на портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

– Откако ја испровоцираа ескалацијата на украинската криза и започнаа жестока хибридна конфронтација со Русија, Вашингтон и неговите сојузници опасно балансираат на работ на отворена воена конфронтација со нашата земја, што значи – директен вооружен судир на нуклеарните сили. Очигледно е дека таков конфликт би понел ризик од нуклеарна ескалација – истакнува Захарова.

Таа, исто така, нагласи дека апсолутно неприфатливи се обидите „да се искриви за пропагандни цели логиката на задржување на која се засноваат официјалните руски коментари за нуклеарните прашања“ и да се претстави Русија како земја која се заканува со нуклеарно оружје.

Слични содржини