227
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани, денеска ги отфрли американските наводи за можен трансфер на ирански беспилотни летала во Русија, истакнувајќи дека нема забележителен развој на соработката во оваа област.
Претходно американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан изјави дека Иран се подготвува да испрати беспилотни летала во Русија, вклучително и оние што можат да носат оружје, пренесува РИА Новости.
„Историјата на соработката меѓу Русија и Иран на полето на низа модерни технологии датира од предвоениот период во Украина и во последно време немало многу соработка во таа област“, рече Канани, како што е објавено на каналот на Телеграм на иранското Министерство за надворешни работи.