Османи: Бугарија ќе гласа за рамка во која македонскиот јазик ќе биде чист

од Nikola Popovski
242 прегледи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска истакна дека граѓаните имаат право на протести и критики, но целиот анти-наратив е заснован на погрешни протоколкувања на европскиот предлог.

-Во однос на македонскиот јазик, ги прашав критичарите дали би менувале нешто за јазикот во оваа рамка доколку самите го пишувале. Одговорот е не. Нема почиста формулација за јазикот од оваа предлог-преговарачка рамка. Такви се формулациите за сите држави кои биле кандидати на ЕУ. Црна Гора во својата рамка немаше воопшто јазик. Во нашата рамка, прашањето на јазикот е идентично. Во рамковната позиција на Бугарското собрание немаше опција за македонски јазик, туку да стои јазик на С. Македонија или со ѕвездичка, за да дојдеме до ова решение кое е апсолутно чисто, потенцира шефот на македонската дипломатија.

Според него, формулацијата за јазикот би била иста и доколку Бугарија не би била во нашето соседство.

-Република Бугарија ќе гласа за рамка во која македонскиот јазик ќе биде чист. Ова е првпат Бугарија да потпише ваков документ. Тие пет години не кочат, не можеме да го потпишеме договорот со Фронтекс. Реалноста е таа, додаде Османи во вестите на Тв Сител.

Слични содржини