Новак Ѓоковиќ по седми пат во кариерата го освои Вимблдон, четврти пат по ред, а многу интересни видеа продолжуваат да се појавуваат. Еден од нив ја изненади британската јавност.
Ѓоковиќ во полуфиналето на Централниот терен го победи Камерон Нори, а од ложата го следеа мечот принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон.
Вилијам е снимен како го прекршува строгиот протокол, имено тој дури и пцуел за време на натпреварот, што не е дозволено на ниту еден член од кралското семејство.
Имено, тој е снимен како кажува нешто, а многумина успеале од неговите усни да прочитаат „Не, не, не, да ти е**м“. Интересно, во четврт-финалето кралското семејство избра да го гледа натпреварот меѓу Ѓоковиќ и Јаник Синер, а не Камерон Нори и Дејвид Гофан кои играа на теренот број 1.
Оваа ситуација предизвика голема бура во Британија бидејќи ова е прв пат по долго време член на семејството да каже такво нешто.
Haha Prince William saying no, no, no fuck it lol 😆 #Wimbledon pic.twitter.com/Bmuf5LFFPG
— matthew (@rdgboi13) July 5, 2022