166
Цените на нафтата денеска се благо зголемени по остриот пад во вторникот до 100 долари за барел, поттикнат од зголемените стравувања од економско забавување што го зафати пазарот.
Северноморската нафта „брент“ закрепна за 1,14 отсто од нивото на затворање синоќа и се тргува по 100,6 долари за барел, покажуваат податоците на oilprice.com, кој го следи движењето на цените во реално време.
Цените на нафтата изгубија најголем дел од добивките забележани по руската инвазија на Украина, која го катапултираше „црното злато“ над 130 долари за барел во март.