Кулеба: Наскоро може да започне извозот на жито, се зависи од Москва

од Stefanija Kuzmanovska
183 прегледи

Украина и Русија се на прагот да постигнат договор за извоз на жито, изјави министерот за надворешни работи на Украина Дмитриј Кулеба во интервју за шпанскиот весник „Паис“.

– Украина е подготвена да го извезе своето жито на меѓународниот пазар. На прагот сме да постигнеме договор со Русија. Ние сме во завршна фаза и сега се зависи од Русија. Ако навистина сакаат, наскоро ќе почнат да извезуваат жито – тврди Кулеба.

Во Истанбул денеска ќе се одржи состанок на воените делегации на Турција, Русија, Украина и делегацијата на ОН, а тема ќе биде извозот на украинското жито по морски пат.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека Москва гарантира непречен премин на бродови со украинско жито доколку Киев ги отстрани мините од своите пристаништа.

Слични содржини