152
Папата Франциск назначи три жени, две калуѓерки и една припадничка на католичката лаичка заедница во комитетот кој го советува при изборот на бискупи, кој досега се состоеше исклучиво од мажи, соопшти денеска Ватикан.
Тој ја откри одлуката во ексклузивно интервју за „Ројтерс“ претходно овој месец, објаснувајќи дека сака да им даде повеќе позиции на највисоко ниво во Светата столица на жените.
Во прашање се сестра Рафаела Петрини, моментално заменик на гувернерот на Ватикан, француската калуѓерка Ивон Ренго и членка на заедницата на лаички католици Марија Лиа Зервино, шефица на здружението на женски католички организации UMOFC, јавува „Ројтерс“.