Завршено вчера, потпишано денес – Рафиња е нов играч на Барселона. Ги победија побогатите ривали во трката за крилниот напаѓач на Лидс, договорија трансфер вреден 55 милиони евра, плус уште 15 преку можни бонуси и потпишаа со него до јуни 2027 година.
Пресудна беше желбата на играчот кој не сакаше да ја пропушти можноста да заигра на Камп Ноу, иако Челси му понуди финансиски подобри услови.
Со потписот на Рафиња и продолжувањето на соработката со Дембеле, Барселона ги реши крилните позиции, па тренерот Чави Ернандез тешко ќе избере кого прв да стави во стартниот тим.
По Франк Кеси и Андреас Кристенсен, Бразилецот од Лидс е третото летно засилување, а се очекуваат уште тројца: Цезар Аспиликуета, Маркос Алонсо и Роберт Левандовски.
Principio de acuerdo con el @LUFCes para el traspaso de Raphinha
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) July 13, 2022
Челси бара 15 милиони евра за Аспиликуета и Алонсо, додека Баерн не се откажува од 50 милиони евра за Полјакот. Поради сето ова, претседателот Жоан Лапорта продаде уште 15 отсто од ТВ правата на компанијата „Сикс Стрит“, па доби дополнителни 123 милиони евра, откако претходно продаде 10 отсто за 25 години за 207.000.000 евра.
Каталонците продаваат и 49 отсто од својата маркетинг агенција (се зборува за сума од 320 милиони евра) и дека работата мора да биде завршена до 31 јули, за да можат да функционираат во новата сезона.