Левица: Утре е „Денот Д“

од Vladimir Zorba

„Додека внатре пратениците дебатираат дали историјата и учебниците ќе бидат пишувани под бугарски диктат, дали АСНОМ и фашистичките злодела ќе се бришат поради “говор на омраза”, – народот пред Собрание гласно и јасно да порача НЕ ЗА БУГАРИЗАЦИЈА!“, велат од Левица

Владата преку Собранието, според нив, „кукавички и подло се обидува да ја легитимира бугаризацијата, несмасно искористувајќи ги пратениците од малцинските етнички групи кои не се дел од Владата, на тој начин создавајќи причина и околности за меѓуетничка омраза“.

Воедно, го повикаа сиот македонски народ, денеска повторно во 19:00 часот да излезе на протестите против, како што го нарекуваат, „недоличниот, фашистички, ултимативен и анти-македонски предлог“, кој се поставува како „услов за некаква си театрална „меѓувладина конференција“, која треба да ни биде сервирана како доказ дека преговорите за ЕУ се отпочнати, и утре да се приклучи на Кампот пред Собранието на Република Македонија во 12:00 часот на пладне.

Слични содржини