Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска ги повика граѓаните и демонстрантите и утре да го блокираат булеварот пред Собранието.
-Ве поканувам утре во 13:30 часот на истово место, за овие да не слушнат. Утре ќе биде тестот за овие овде дали ќе им проработи душата или златниците. Се гледаме утре во 13:30 часот, рече Стоилковски од импровизираната бина пред зградата на Собранието.
За утре е најавена посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен. Таа после средбите со државниот врв, точно во 13 часот ќе се обрати пред пратениците во Собранието. Половина час подоцна ќе започне седницата за предлог-преговарачката рамка за Република Северна Македонија со ЕУ, претставена од Француското претседателство со Европската Унија.
На седницата ќе има разгледување и донесување понатамошни заклучоци, согласно процедурите на Собранието.