Пари Сен Жермен сака подолго да го задржи Лионел Меси, а во оваа насока веќе се планира да му понуди нов договор, пренесе „Марка“.
Напаѓачот е врзан за клубот само за уште една сезона, но управата веќе ја сподели со него подготвеноста да го продолжи договорот до 2024 година.
Аргентинецот има 35 години и неговата последна кампања беше далеку од силна според неговите стандарди, но парижаните се убедени дека неговото најдобро допрва доаѓа.
Покрај тоа, клубот пријавува солидни приходи од рекламирање и продажба на стоки како резултат на потписот на Меси. Минатата сезона ПСЖ продаде над 1 милион дресови, што е првпат во историјата. 60% од нив биле со името и бројот на Лео.
Приходите од реклами се зголемени за 13% поради ангажманот на 10 нови спонзори.