Доколку сакавте да го посетите најсреќниот град на светот, не мора да се стремите кон егзотични дестинации, каде ви се чини дека сонцето постојано сјае и сите се насмеани.
Најсреќен град во светот е Лисабон, покажа истражувањето на туристичката компанија IVisa. За да дојдат до листата на најсреќните градови во светот, земале предвид пет фактори: животниот век, количината на сонце, работното време, трошоците за живот и љубезноста на локалното население.
Првото место според споменатите критериуми го зазеде Лисабон.
Главниот град на Португалија добива дури 2.801 сончеви часови годишно, а жителите работат во просек 31 час неделно. Тоа е и вториот најпријателски град, па ако се преселите овде или само одите на одмор – веројатно брзо ќе се спријателите со населението.
Интересно е што следните три позиции ги заземаа европски градови.
Втора е Барселона, каде жителите живеат во просек до 84 години, а истражувањата покажаа дека работата овде е дури и еден час пократка отколку во Лисабон. Третото место на листата на најсреќни градови во светот го зазеде Атина, а по неа е Рим.
Сиднеј е на петтото место, а потоа следат Мадрид, Торонто, Сан Хозе, Истанбул и Бангкок.