Дембеле: Мојата прва опција беше секогаш да останам

од Vladimir Zorba
197 прегледи

Барселона организираше специјална церемонија на тренинг полигонот „Тито Виланова“, каде претседателот на клубот Жоан Лапорта и Усман Дембеле свечено го потпишаа новиот договор на крилниот напаѓач.

Откако се случи тоа, Лапорта прв се изјасни за новиот договор.

„Му се восхитувам на Усман како професионалец и личност. Ова е многу посебен ден. Секогаш сакаше да остане и се трудеше да се прилагоди на новата структура на плати во Барса. Им благодарам на сите во клубот кои работеа за овој договор – Матеу, Жорди, играчот… и на неговиот агент Муса Сисоко. Дембеле има неспоредлив и многу специфичен талент. Тој придонесува многу за нас. Чави го сакаше тоа од самиот почеток. Оваа година е многу важна, мораме да освојуваме трофеи. Убеден сум дека ќе го постигнеме тоа. Денес е многу емотивен ден за мене. Тренерот ве сака, но и клубот“, изјави претседателот.

Потоа збор зеде самиот Дембеле.

„Многу сум среќен поради повторното потпишување. Барса е клубот од моите соништа уште од мали нозе. Сакам да започне сезоната за да му помогнам на тимот. Во клубот има многу луѓе кои многу ми помогнаа. Првите три години ми беа доста тешки. Сега ја имам довербата на сите и сум многу подобар. Мојата прва опција беше секогаш да останам. Им кажав на претседателот и на тренерот. Помина долго време, но сега сите се среќни. Нестрплив сум кампањата да започне за да дадам се од себе и да му помогнам на тимот да освои трофеи. Барса треба да се бори за титулата и Лигата на шампионите. Да триумфирам во Лигата на шампионите е мојот сон и ќе дадам се од себе за да го реализирам. Нека ова е мојата најдобра година досега. Ќе дадам се од себе на теренот и во салата. Се надевам дека ова ќе биде силна сезона за Барса“, прокоментира францускиот интернационалец.

Слични содржини