Пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ го искина францускиот предлог

од Vladimir Zorba
207 прегледи

Сакам да ги поздрава овие денешни современи “македонски администратори” и да им кажам дека со нив нам не ни треба ниту надворешен ниту внатрешен друг окупатор, агресор, нацист, фашист или терорист. Членот 180б од деловникот се однесува по претресот на буџет или ребаланс, и вели дека тој се одвива во пет работни дена, ова е исклучок кога овие 5 работни дена се прекинуваат, за една ваква седница која што нема апсолутно врска од одлука за собранието, вели Дафина Стојаноска пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

Стојаноска истакна дека согласно собранискиот деловник член 185 собранието може да дискутира по одредена информација поднесена од влада или друг овластен предлагач, изјавувајќи дека тоа прво оди на собраниска комисија, а дури потоа на пленарна седница,

Членот 185 од деловникот се однесува дека собранието може да претресува и други материјали и информации кои се поднесени од влада или други овластени предлагачи, но има мноштво на примери кога било какви информации дојдени од било кој предлагачи се разгледувале на комисија и таму се донесувале заклучоци, но дури потоа доаѓале на пленарна седница, изјави таа.

Стојаноска го искина францускиот предлог од собраниска седница порачувајќи им на пратениците од парламентарното мнозинство дека граѓаните кажале НЕ за асимилација, и токму поради тоа денеска тие нема да расправаат по однос на оваа точка.

Сакам уште едно да ви порачам ниту еден документ кој што вие би го потпишале, изгласале или протнале нема да има легитимитет и важност се додека не го добие најбитниот потпис и најбитниот печат, а тоа е печатот и дозволата на македонскиот народ. Затоа колку сакате обидувајте се овде денес да правите и да кажувате дека сте демократи и транспарентни, дека сте со европски вредности, јас можам само едно да ви порачам дека овој лажен документ не е документ по кој што ние денес ќе расправаме. Јас тука пред вас ќе го искинам и се надевам и посакувам дека овој звук на кинење на парче хартија додека сте живи ќе ви ги пара ушите што имате и душите што ги немате, им порача Стојаноска на пратениците од мнозинството.

Слични содржини