Лидерот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев денеска прв говореше на продолжението на 81. седница во Собранието. Тој го праша претседателот на Собранието, Талат Џафери врз кој член од Деловникот на Парламентот има други лица со оружје, освен собраниското обезбедување.
-Видов 30 други лица како се шетаат со видливи пиштоли. Не носат сако по кој став пратениците гледаат пиштоли на овие лица на сите три ката од зградата. Ова е атмосфера на страв. Барам објаснување по кој член од Деловникот се пуштаат вакви лица, кажа Апасиев од собраниската говорница.
Џафери му одговори дека во правилникот е уредено за сите кои обезбедуваат лица и објект.
-Обезбедување на претседателот, на премиерот, на министри кои со закон им е пропишано. Членот 236 препишува кои лица можат да бидат во Собранието со оружје, се изјасни спикерот.