Арсовска го разреши директорот на Зоолошката градина

од Nikola Popovski
417 прегледи

Град Скопје вечерва информира дека е разрешен директорот на скопската Зоолошка градина, Кристијан Стаменов. Од таму додаваат дека се оградуваат од индивидуално преземените дејствија на директорот.

-Културна, образовна и научна се основните дејности на ЗОО Скопје, а нејзина основна цел е да ги чува, одгледува и презентира живите експонати и истите да ги направи достапни за пошироката јавност. Личната одлука преземена од страна на директорот не соодветствува со основните заложби за хумано чување и одгледување на животни и за истото мора директорот да понесе одговорност, поради што истиот се разрешува, се вели во соопштението од Кабинетот на Арсовска.

Ова следува откако во последниве два дена во Зоолошката градина усмртени биле повеќе од 10 коњи и мазги.

Слични содржини