Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез го обнови својот интерес за напаѓачот на РБ Лајпциг, Кристофер Нкунку. Францускиот фудбалер долго време е во нишанот на шпанските гиганти, кои сега повторно размислуваат да дадат понуда за него, тврди „Онда Черо“.
Реал во последните денови многу се шпекулира дека ќе ги продаде Марко Асенсио и Дани Себаљос во овој преоден рок. Со парите од овие продажби, Флорентино планира да го финансира трансферот на Нкунку.
Реал го следи 24-годишниот фудбалер веќе година и пол и на „Сантијаго Бернабеу“ се сериозно импресионирани од неговите квалитети. Во клубот им е потребен нов напаѓач кој ќе ги одмери силите со Карим Бензема на првите позиции, а воедно и да биде инвестиција за иднината, бидејќи Французинот не е веќе млад. Мадриѓаните во моментов немаат многу опции во врвот на нападот откако се разделија со Лука Јовиќ кој замина во Фиорентина.
Нкунку неодамна потпиша нов договор со РБ Лајпциг до 2026 година. Сепак, ова тешко дека ќе го одбие Реал, кој е подготвен да ја плати неговата откупна клаузула од 60 милиони евра.
Французинот е младински играч на Пари Сен Жермен и беше доведен во РБ Лајпциг во 2019 година за 13 милиони евра. Својот талент сериозно го разви во германскиот клуб, за кого досега има 134 настапи, 44 гола и 47 асистенции.