Москва: Цел на нападот во Виница беше објект во кој се одржал состанок со добавувачи на оружје

од Stefanija Kuzmanovska
218 прегледи

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека нападот врз градот Виница, во кој според Киев загинаа најмалку 23 лица, бил насочен кон објектот каде командата на украинските воздухопловни сили имала средба со странски добавувачи на авиони.

Портпаролот на Министерството, Игор Конашенков, прецизираше дека на 14 јули цел била гарнизонската куќа на офицерот, каде што се сретнале членови на командата на украинските воздухопловни сили и странски добавувачи на оружје и дека сите учесници на состанокот биле убиени, пренесува „Интерфакс“.

Конашенков рече дека на средбата се разговарало за испорака на следната рунда авиони и оружје за вооружените сили на Украина, како и за организација на ремонт на украинската воздушна флота.

Слични содржини