„Собранието да ги поддржи заклучоците, Македонци кои говорат македонски јазик во ЕУ. Последниот европски предлог за почеток на преговорите со ЕУ на вистински начин ги отсликува нашите дефинирани позиции“, велат од НСДП.
„Прво, предлогот јасно го прецизира македонскиот јазик како единствен, признат и прифатен јазик за Европската Унија.
Второ, сите билатерални прашања со Бугарија, но и било кои други билатерални прашања со било која друга држава, особено соседна, не се дел од Преговарачката рамка со Брисел.
Трето, со европскиот предлог, се дефинира одржување на првата Меѓувладина конференција веднаш.
Дополнително, во Собранието, пратеничката група на СДСМ, НСДП и другите коалициони партнери, поддржана од пратениците од владејачкото мнозинство, предлага заклучоци за заштита на јазичните, идентитетски, културни и историски посебности на македонскиот народ и спроведување на процесот на преговори со ЕУ.
Со овие заклучоци се задолжува Владата на Република Северна Македонија, преку државната делегација за преговори со ЕУ, Секретаријатот за европски прашања, Министерството за надворешни работи и експертскиот преговарачки тим доследно да се придржува кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара со Европската унија.
Преговорите да се водат на рамноправна и принципиелна основа, почитувајќи ги нормите на меѓународното право, со безрезервно почитување на достоинството и посебноста на Македонскиот народ, како и во целосна согласност на Резолуцијата усвоена од Собранието на Република Северна Македонија, на 29 јули 2021 година.
Овие заклучоци ќе бидат задолжителни за актуелната и секоја идна Влада и затоа сега на ред е Собранието.
Сите пратеници да се вклучат во процесот на носењето на заклучоците, да дадат свој придонес во работата на Собранието, водејќи се од стратешките и националните интереси“, велат од НСДП.