Саудиска Арабија двојно го зголеми увозот на нафта од Русија

од Vladimir Zorba

Саудиска Арабија, најголемиот светски извозник на нафта, го удвојува увозот на тој извор на енергија од Русија, бидејќи Москва во моментов ја продава својата нафта со значителни попусти.

Според податоците на компанијата за собирање и дистрибуција на финансиски информации, Рефинитив, на кои се повикува агенцијата Ројтерс, во вториот квартал од 2022 година, во Саудиска Арабија преку руски и естонски пристаништа пристигнале 647.000 тони нафта. Тоа одговара на количина малку поголема од 7.000 тони или 48.000 барели нафта дневно.

Со оглед на војната на Русија против Украина, некои земји одбиваат да купат руска нафта. Од друга страна, големите економии како Кина и Индија, како и бројните земји во Африка и Блискиот Исток, го зголемија увозот на овој енергенс од Русија.

Слични содржини