Портпаролката на ЕК: Фон дер Лајен зборуваше за јазикот користен од луѓето во С. Македонија, што таа го нарекува македонски јазик

од Nikola Popovski
285 прегледи

Заменичката-портпаролка на Европската комисија, Дана Спинант денеска како одговор на прашање на новинарка на МИА изјави дека вчерашните зборови на претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен во македонското Собрание значат дека таа зборува за „јазикот користен од луѓето во Северна Македонија, што таа го нарекува македонски јазик“.

-За импликациите кои ова ќе го има за нешто што е повеќе техничко како на пример Договорот за Фронтекс јас ќе прашам. Проверував за да видам дали има нешто ново, но нема. Ќе проверам дали има нешто ново и дополнително ќе ве известам, изјави Спинант.

На ново прашање дали тоа значи дека ЕУ го признава македонскиот јазик, Спинант додава дека нема да навлегува во толкување на изјавата на Фон дер Лајен.

После прес-конференцијата, на Твитер се огласи шефицата на ЕК, Фон дер Лајен, која повтори дека „македонскиот јазик е наш јазик“.

-Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик. Ние целосно го почитуваме тоа, додаде таа на Твитер.

Слични содржини