Каевски до Апасиев: Ти си „рубља-фраер“

од Nikola Popovski
234 прегледи

Нервозен е поради тоа што требаше да го направи тоа што не го исполни. Сценарио кое требаше да ги наруши меѓучовечките односи и да исценира меѓуетнички тензии. Деновиве гледаме натпревар кој ќе направи поголема штета. Апасиев стана штетник на батерии, тој е патриот на батерии, а денес гледаме дека Мицкоски е исвиркан. Повикувате млади момчиња да фрлаат се и сешто кон полицијата, му реплицираше пратеникот на СДСМ и портпарол на партијата, Дарко Каевски од собраниската говорница на пратеникот на Левица, Димитар Апасиев.

Каевски притоа го нарече Апасиев „рубља-фраер“.

-Добро е да знаете дека оваа држава ќе биде дел од ЕУ и ќе биде интегрирана со чист македонски јазик и идентитет. Димче таквите како тебе се минато. Добро што знаеш дека сме Европа и делиме европски вредности, а ти остани во мрачното минато, додаде Каевски во своето обраќање.

Слични содржини