Најмалку шест лица загинаа во несреќа на автопат во Монтана

од Vladimir Zorba
163 прегледи

Најмалку шест лица загинаа, а голем број се повредени, откако најверојатно бура од прашина, предизвикана од ветрови со брзина од речиси 100 километри на час, предизвика несреќа во петокот вечерта на автопат во американската сојузна држава Монтана, соопштија властите.

Во несреќата во близина на градот Хардин учествувале 21 возило, а полицискиот службеник на државата Монтана – Џеј Нелсон изјавил дека властите веруваат дека лошото време е фактор, пренесе АП.

Јавниот обвинител на Монтана во петокот рече дека полицијата е на местото на настанот со други лица за итни случаи и дека инцидентот е под истрага.

Слични содржини