ТикТок: Монтана станува првата американска држава што ја забрани апликацијата за споделување на видеа

од desk4

Монтана стана првата сојузна држава во САД што ја забрани популарната платформа за споделување на видеа ТикТок во кинеска сопственостна лични уреди.

Републиканскиот гувернер на државата, Грег Џанфорте потпиша закон со кој им забранува на продавниците за мобилни апликации да ја нудат апликацијата.

Новиот закон забранува преземање на ТикТок во државата и ќе го казни секој „субјект“ – продавница за апликации 10/000 долалри, секогаш кога некому „ќе му се понуди можност“ да пристапи до платформата за социјалните медиуми или да ја преземе апликацијата. Казните нема да важат за корисниците.

Мерката треба да стапи на сила од 1 јануари 2024 година и се очекува да биде оспорена законски.

ТикТок е во сопстеност на кинеска технолошка компанија која е под интензивно истражување за тоа дека ТикТок може да ги  предаде податоците на корисниците на кинеската влада или да потикне про-Пекинг пропаганда и дезинформации на платформата.

Од ТикТок ги отфрлаат обвинувањата и велат дека ништо од сето ова не се случило.

Слични содржини