Таравари: Може да гласаме за внесување на Бугарите во Уставот, доколку се отстрани дефиницијата 20% за Албанците

од Vladimir Zorba
219 прегледи

За потпретседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари усвојувањето на францускиот предлог е веќе завршена работа, но, како што вели, проблем остануваат уставните измени за вметнување на Бугарите, што АА може да ги услови со отстранувањето на дефиницијата 20% за Албанците.

„И лидерот на македонската опозиција неколкупати потенцираше дека не му пречи да се отстранат 20%, доколку има согласност и ние секако дека ќе одлучиме, не велам да биде како услов, но ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Согласно тоа ќе донесеме одлука, но мислам дека на секој начин ќе инсистираме да се отвори Уставот и да се отстранат тие 20 отсто“, вели Арбен Таравари.