Груби: Денес ставивме крај на предизвиците со кои се соочувавме последните години

од Stefanija Kuzmanovska
140 прегледи

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, се огласи по повод одобрувањето на информацијата со предлог заклучоците врз основа на Предлогот на Европската Унија за почеток на преговорите на Република Македонија со Европската Унија.

„Проект по проект, предизвик по предизвик, решенија за сите прашања од ова прогресивно, евро-американско, храбро и визионерско мнозинство.

На долгогодишното чекање да отпочнеме да чекориме кон големото европско семејство денес му дојде крајот.

Денес ставивме крај на предизвиците со кои се соочувавме последните години! Го изградивме вистинскиот пат како прогресивна сила за да му покажеме на западниот свет дека немаме друга алтернатива, освен Европската унија, а денес тоа го докажавме.

Денеска ставивме крај и на надежите на регресивните проруски сили кои сакаа да ја дезориентираат земјата.

Заедно, достоинствено и со сите наши демократски капацитети ќе патуваме до конечното остварување на нашиот сон за интеграција.

Ни претстои многу работа и одговорност, но со решителност, соработка, како и голема поддршка од земјите од ЕУ и САД ќе успееме заедно“, наведе Груби.

Слични содржини