Лавров: Инструкторите на НАТО на терен ја контролираат армијата на Украина

од Stefanija Kuzmanovska
252 прегледи

Инструкторите на НАТО и набљудувачи на повеќецевните ракетни системи (MLRS) се директно на терен и ги контролираат акциите на украинските сили, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува ТАСС.

„Инструкторите на НАТО и набљудувачите на MLRS очигледно веќе ги контролираат акциите на вооружените сили на Украина и на националистичките баталјони директно на теренот. Се надевам дека сè уште има одговорни политичари меѓу Европејците кои разбираат какви последици може да предизвика тоа“, рече Лавров во својата изјава за весникот „Известија“.

Шефот на руската дипломатија изјави и дека барањето на германскиот канцелар Олаф Шолц до Москва да се договори со Киев за гаранции за територијален интегритет и суверенитет на Украина е залудно.

Слични содржини