Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изврши инспекција на руската група „Восток“ вклучена во специјалната операција во Украина и нареди приоритет да биде уништувањето на украинското ракетно и артилериско оружје со долг дострел, кое ја гранатира областа Донбас.
– Генералот на армијата Сергеј Шојгу, забележувајќи го зајакнувањето на ударните способности на групата, му дал упатства на командантот за приоритетно уништување со високопрецизно оружје на непријателските ракети и артилерија со долг дострел, од кои се гранатирани станбени области на Донбас, како и складиштата со жито – се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.
Командантот на групата „Восток“, генерал-полковник Рустам Мурадов, до министерот поднесе извештај „за моменталната состојба и напредокот во исполнувањето на поставените борбени задачи за поразување на непријателските сили“.
На 24 февруари Русија започна воена операција во Украина. Претседателот Владимир Путин рече дека нејзината цел е „да ги заштити луѓето кои осум години беа изложени на геноцид од режимот во Киев“.
Главната цел на рускиот воен оддел сега е ослободување на Донбас, соопшти Министерството за одбрана. Заедно со руската армија, во регионот дејствуваат единици на ДНР и ЛНР.