Се враќаат Бивис и Батхед

од Nikola Popovski
321 прегледи

Култното дуо „Бивис и Батхед“ добива нова сезона, а премиерата на серијата е најавена за 4 август.

Серијата се здоби со популарност во раните деведесетти, преку урнебесни набљудувања на музика и спотови со невешти и кратки шеги, а поради сатиричните и остри коментари за општеството, критичарите ја оценија со позитивни критики на самиот почеток на емитувањето.

Создадена од Мајк Џаџ, оваа бизарна, но многу сакана серија за возрасни потекнува од краткиот филм „Frog Baseball“ од 1992 година. Откако МТВ го виде филмот, потпиша договор со Џаџ да го развие во серија. Сега, три децении подоцна, по повод новата сезона, странските медиуми пишуваат дека малолетните деликвенти се враќаат „поглупави од било кога“.

Како што може да се види во трејлерот, новата серија дефинитивно повеќе се приклонува кон полудо насилство отколку оригиналните епизоди.