Официјална Атина денеска врачи официјална протестна нота до Украина по падот на украинскиот товарен авион Антонов Ан-12БК, кој превезуваше оружје, на северот на Грција, пишува „Катимерини“.
Осум членови на екипажот на авион со кој управуваше украинска компанија загинаа во несреќата, по што следеа експлозии кои траеја два часа.
Авионот полетал од Србија и се урнал во саботата во областа Кавала во обид да изврши принудно слетување.
Министерството за одбрана на Украина изрази сочувство до семејствата на загинатите членови на екипажот и истакна дека авијацијата на украинската армија е стационирана во одредени зони и продолжува да извршува мисии за борба против сеопфатната вооружена агресија на Русија.
„Министерството за одбрана на Украина сеопфатно ќе го разгледа овој инцидент и ќе извести за значајни детали, доколку се утврди некој од нив“, соопшти Министерството.