Зиков: Протоколот со Бугарија не е толку проблематичен колку што се правеше психоза во општеството

од Nikola Popovski
285 прегледи

Ова што го кажува министерот Османи е реалноста. Македонија го добива јазикот како идентитетска одредница на македонскиот народ и на целата тема што се случува со Бугарија. Таа битка е добиена и таа битка во еден дел е потврдена од изјавата на бугарската министерка Генчовска, каде што вели дека не може да влијае на 26 земји-членки. Со тоа е бетонирана таа ситуација, вели политичкиот аналитичар Љупчо Зиков коментирајќи го францускиот документ кој стана преговарачка рамка на Македонија со ЕУ.

Според него, ако Бугарија тоа можеше да го спречи, ќе ставеа вето.

-Тоа е договорено и ако на тоа се додадат изјавите на челниците од ЕУ како Шолц, Макрон, Фон дер Лајен, мислам е бетонирана таа ситуација и тоа беше најважно за нас во овој момент. Протоколот не е толку проблематичен колку што се говореше претходно и како што се правеше психоза во општеството дека штом не сме го слушнале, дека сам по себе е страшен. Во две третини Протоколот е за економски прашања, за инфраструктура, а во една третина е за историјата и говор на омраза, што во голем дел е балансиран. Тоа ќе значи и обврски за Бугарија. Времето ќе покаже дека имаме добар Протокол, рече Зиков во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини