Груби: Со срце и ум заедно кон Европа

од Берта Китинска
183 прегледи

Првиот потпретседател на Владата на Република Македонија од Брисел денес им честиташе на граѓаните на земјата за реализацијата на првата меѓувладина конференција на земјата со Европската унија, момент од кој земјата ја започнува активната фаза на преговорите за интеграција.

Во продолжение целосната изјава на Првиот подпретседател на Владата на нашата земја, Артан Груби од Брисел:

“Дојде денот кога сите напори за одржување на прозападната ориентација на земјата се крунисаа со успех, кога целиот наш конструктивен пристап да имаме хоризонт без никакви пречки кон крајната цел на интеграцијата стана реалност.

Се наоѓаме во Брисел на првата меѓувладина конференција и од денес заедно со граѓаните на земјата почнуваме да го пишуваме новото поглавје на напредокот и развојот, тоа на почетокот на преговорите за членство во Европската Унија.

Колку само предизвици имавме пред нас, се чинеше невозможно да се постигне целта, колку идеологии на дезориентација и страв од регресивните сили сакаа да не спречат да ја постигнеме оваа цел, но со решителност, со работа, со голема поддршка од цела Европа успеавме да седнеме на работната маса во срцето на Европа денес за да ја проектираме европската иднина.

Ни претстои многу работа, голема одговорност да ги спроведеме следните процеси, но со зрелост и рационалност, како и досега, ќе успееме да ги надминеме сите предизвици. СО СРЦЕ И УМ ЗАЕДНО КОН ЕВРОПА!“.

Слични содржини