Османи: Отсега од нас ќе зависи, да ги мобилизираме административните ресурси

од Nikola Popovski
151 прегледи

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи денеска од Брисел истакна дека денеска го започнуваме патот за остварување на заедничката цел – полноправно членство во ЕУ.

-Нашиот поглед е свртен кон иднината. конечно зачекоруваме од нултата позиција и отсега од нас ќе зависи. Да ги мобилизираме нашите вредни административни ресурси и да не застанеме додека не ги исполниме потребните услови за влез во европското семејство, во кое цивилизациски, вредносно и културно припаѓаме со векови. Нашите преговарачки тим е подготвен и нестрпливо очекува да почне процесот на скрининг и подготовката на државните позиции и извештаи по секое од Поглавјата, кажа Османи на состанокот при отпочнувањето на процесот на скрининг.

Тој се обрати и до македонските граѓани.

-Знам се за вашата децениска разочараност и нетрпеливост. Ја почитувам вашата загриженост, но како и досега нема да изневериме и секојдневно ќе одговориме на сите ваши прашања. Сакам од тука од Брисел во присуство на нашите пријатели, дека во секој час од изминатите две години, нашата мисла воделка беше вашето човековно, национално, јазично, идентитетско достоинство. Набрзо во преговорите ќе се потврдат овие факти. Билатералните прашања нема да бидат одредници од кои ќе зависи отворањето и затворањето на Поглавјата, рече Османи.

-Уште ја користам можноста на моите сограѓани и на сите службеници во администрацијата и во цивилното општество, кои деноноќно и макотрпно работеа за остварување на оваа стратешка цел, да им го честитам отворањето на преговорите и со заеднички сили, сплотени и со заслужена самодоверба да го изодиме патот до остварување на крајната цел, додаде министерот за надворешни работи.

Слични содржини