133
Попладнево во седиштето на ЕУ во Брисел се организира заеднички коктел на Северна Македонија и Албанија по одржувањето на Првата меѓувладина конференција.
На коктелот присуствуваат премиерите на Македонија и Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, како и членови на двете владини делегации и новинари од двете земји.
Рама не изневери на својот имиџ и повторно се појави во спортска варијанта со бели патики.
Премиерот Ковачевски исто така видно расположен присуствуваше на заедничкиот коктел.
Фото: Локално