Украина: Ќе го нападнеме Крим

од Nikola Popovski
264 прегледи

Украина се подготвува да го нападне црноморскиот полуостров Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година и е дом на руската Црноморска флота, изјави владин претставник, пренесува Хина.

„Имаме противбродски способности и порано или подоцна ќе ја таргетираме флотата“, изјави украинскиот министер за одбрана Володимир Хаврилов за Тајмс за време на посетата на Лондон.

„Русија ќе мора да го напушти Крим“

„Русија ќе мора да го напушти Крим ако сака да постои како држава“, рече тој. Хаврилов додаде дека ослободувањето на Змискиот остров, кој Москва го освои во првите денови од инвазијата, е првиот чекор.

„Подготвени сме да ги таргетираме долж Црното Море доколку имаме можност“, додаде тој.

Кремљ: Ова ја потврдува потребата од специјална операција

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков одговори дека изјавите на Хаврилов ја потврдуваат неопходноста од „специјална воена операција“, како што официјално се нарекува војната во Русија.

„Ова е единствениот начин Украина да се ослободи од таквите претставници на раководството“, рече Песков, пренесе руската државна новинска агенција ТАСС.

Слични содржини