Моментално најдобрата руска тенисерка Дарја Касаткина јавно ја откри својата хомосексуалност и остро ја критикуваше руската политика, пренесуваат агенциите.
„За младите кои се соочуваат со проблеми во општеството е многу важно спортистите или други познати личности да зборуваат на овие теми“, рече меѓу другото Касаткина и потврди дека има партнерка.
Во разговорот, тенисерката ја пофали и фудбалерката Надежда Карпова, која во јуни стана првата руска спортистка која јавно ја откри својата хомосексуалност.
Според Касаткина, во Русија има цела низа теми за кои не треба да се разговара, а хомосексуалноста не е исклучок, а можеби ни на прво место.
Касаткина тврди дека голем исчекор во започнувањето на „забранетите теми“ во Русија е направен со Светското првенство во 2018 година, но потоа процесот целосно запрел.
„Толку многу работи се сметаат за табу во Русија, некои се поважни од нашата работа, па не е чудно. Самата одлука некој сака да биде геј намерно… Тоа е толку смешно, бидејќи нема ништо полесно на светот од тоа да си стрејт. Без шега, да има избор, никој не би избрал да биде геј. Зошто да си го отежнуваш животот, особено во Русија? Што е поентата?“
„Го затворија овој пат и работите на патиштата“, иронично изјавила тенисерката.
Дваесет и петгодишната Касаткина моментално е на 12. место во светот, а има освоено четири ВТА турнири.
Daria Kasatkina speaks about the difficulties of being gay in Russia pic.twitter.com/guNLUStx17
— Ryan (@Some1NamedRyan) July 18, 2022