Бред Пит во сукња на црвениот тепих (ФОТО/ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
341 прегледи

Холивудскиот срцекршач Бред Пит (58) ги изненади сите со својот смел стајлинг на премиерата на филмот „Bullet Train“ во Берлин. Актерот се појави во лежерен стил, а наместо панталони облече сукња.

Бред Пит на црвениот тепих се појави во необична облека, облечен во розова кошула со светло-кафеав кардиган. Наместо панталони, популарниот актер се одлучи за сукња.

Актерот се појави во смело издание на премиерата на филмот со неговата колешка Сандра Булок.

Едно е сигурно, Бред остави силен впечаток кај присутните, а веруваме дека за овој стајлинг уште долго ќе се зборува.

Слични содржини