107
Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека е формирана специјална комисија за контрола на употребата на оружјето доставено до Украина за борба против руските сили.
– Нашите партнери се целосно информирани за тоа како го користиме добиеното оружје. Но, за да им се застане на патот на манипулациите на руските пропагандисти и на оние кои им помагаат во Украина или на друго место, формиран е дополнителен контролен комитет – рекол Зеленски, пренесува „Гардијан“.
Комисијата е формирана под Врховната Рада и во нејзиниот состав ќе членуваат претставници од сите парламентарни партии.