Состојки:
(за 4 лица)
– 250 гр брашно
– 1 лажичка прашок за пециво
– 1/4 лажичка сода бикарбона
– 2 зрели банани
– 120 гр мек путер
– 100 гр шеќер
– 1 лажичка ванилин шеќер
– 2 јајца
– 4 лажици кисела павлака
– 50 гр сечкани бадеми
Подготовка:
Во еден сад измешајте го брашното со прашокот за пециво и сода бикарбоната, во друг изгмечете ја бананата. Во трет сад кратко измешајте путер на собна температура и во него додадете шеќер и ванилин шеќер додека смесата не стане кремаста и бела (околу пет минути).
Потоа додадете едно по едно јајце и мешајте ја смесата околу една минута секој пат.
Потоа додадете кисела павлака.
Во смесата додајте ја бананата, смесата со брашно и сечканите бадеми. Само кратко измешајте ја смесата.
Истурете ја смесата во калапите за мафини и печете во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути. Извадете ги од рерна и по неколку минути извадете ги од калапот да се изладат.