Локвенец: Пругата кон Бугарија ќе биде првиот проект во државата со 100% решена експропријација

од Nikola Popovski
314 прегледи

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска истакна дека изминатите десет месеци во институциите даваат право да веруваме дека со обезбедените средства и кога се има желба и волја, како министерство ќе бидат на терен за што поскоро градење и довршување на железничката пруга со Бугарија.

-Нашите очекувања се дека сите инволвирани страни ќе бидеме сведоци на целосно комплетирање на Коридорот 8, кажа Бочварски.

Директорот на „Македонски железници“, Хари Локвенец информира дека „државата каква што ни е има голема историја и дека археолошкото наследство ни е проблем на целата траса“

-Експропријацијата е третата работа од искуство. Со чест можам да ви кажам дека ова е првиот инфраструктурен проект во нашата историја со 100% решена експропријација пред да почне да се гради. Избраните компании за изградбата верувам дека се посветени и квалитетни,

Слични содржини