Рафиња: Подобри сме од Реал Мадрид

од Vladimir Zorba
236 прегледи

Новото засилување на Барселона, Рафиња имаше брилијантно деби. Бразилецот постигна гол и направи две асистенции во контролата против Интер Мајами.

Тој рано ќе види како е да се игра на „Ел Класико“, бидејќи следниот тест на Каталонците е против Реал Мадрид во Лас Вегас.

„Секогаш се трудам да постигнам гол, но во дербито уште повеќе. Најважно е да победиме, но мислам дека сме подобри од Реал Мадрид. Многу сум среќен што го постигнав мојот прв гол за Барселона. Се надевам дека ќе продолжам на овој начин“, сподели Рафиња по натпреварот.