Битиќи: Да имавме закон за воено профитерство, денес лесно ќе реагиравме

од Nikola Popovski
158 прегледи

Информациите дека во државата вештачки се прави недостиг на пелети и огревно дрво се точни. Ние денеска на седница на Влада, по допрен глас ќе дадеме задолжение на Инспекторатот за да излезе на терен и да потврди дека ваквите укажувања се вистинити, рече денеска вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Тој посочи дека укажувањата се дека трговците вештачки прават недостиг.

-Како што некој претходно се обиде пред одреден временски период тоа да го направи со прехранбените продукти за да има зголемување на нивните цени. Да имавме закон за воено профитерство денеска лесно ќе реагиравме.Во подготовка е Законот за фер односи во стопанството, во кои што секако ова ќе се додаде. Дотогаш соодветно ќе постапиме, не е дека не се следела состојбата, додаде Битиќи како одговор на новинарско прашање.

Слични содржини