Лавров се заканува со проширување на војната

од Vladimir Zorba
202 прегледи

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави во средата дека воените цели на Москва во Украина сега го надминале источниот регион Донбас, што е најјасно признание досега дека нејзините воени цели се прошириле во последните пет месеци, пренесува Ројтерс.

Во интервју за државната новинска агенција РИА Новости, Лавров рече дека географските услови се сменети откако руските и украинските преговарачи одржаа мировни преговори во Турција на крајот на март.

Тој рече дека тогаш фокусот бил на Доњецк и Луганск, самопрогласени републики во источна Украина од кои Русија има намера да ги протера украинските владини сили.

„Сега географијата е поинаква и далеку е од тоа да бидат само народни републики Доњецк и Луганск, тоа се и регионите на Херсон и Запорожје и низа други територии“, рече Лавров, додавајќи дека тие упорно продолжуваат со своите акции и дека Русија можеби ќе треба да притисне уште подлабоко.

Тој, исто така, се закани дека руските напади ќе се шират уште подалеку од сегашната линија, доколку Западот продолжи да ја снабдува Украина со оружје со долг дострел, како што е моќниот американски ХИМАРС, пренесува Ројтерс.

Слични содржини