Големите пожари на отворен простор оваа година се проблем за многу земји, вклучувајќи ги и Италија и Словенија.
Пожар кој со денови гори во близина на границата на Италија и Словенија кај Трст предизвика колапс, поради што некои патишта се затворени, а тој регион исто така остана без струја.
Инаку, претходно денеска беше објавено дека пожарот од Италија се проширил и во областа Карст. Загрозени биле и неколку села, па населението од тој крај било евакуирано. Извештаите од терен прво зборуваа за околу триста пожарникари кои се борат со стихијата, а сега таа бројка порасна на илјада.
„Сега е клучно да се спасат населените места. Една населба е веќе евакуирана. Силниот ветер се шири многу брзо. Армијата и полицијата гаснат од воздух, а гаснењето го отежнува чадот. Активирани се дополнителни противпожарни единици од цела Словенија“, изјави претходно министерот за одбрана Маријан Шарец.
Razmere pri gašenju požara na Krasu so izredno zahtevne. Delo dodatno otežuje slaba vidljivost zaradi dima. pic.twitter.com/zJMMP4sHjc
— policija_si (@policija_si) July 20, 2022